Прво коло – Брегалница го пречекува Кожуф во Штип, дуел на двајца штипски стратези!

Познат е распоредот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а стартот на истата е закажан за 23 август.

Првото коло од новата сезона го носи соочувањето меѓу Брегалница и Кожуф, дуел кој ќе се игра на градскиот стадион во Штип.

Ова ќе биде дерби на двајца штипски тренери, Влатко Костов кој ја води Брегалница и Иван Варадиновски кој го води Кожуф од Гевгелија.

Ова ќе биде натпревар каде и двете екипи силно ќе ги бараат трите бодови за победнички старт на сезоната.

Колку за потсетување од Втората лига поради крањето на истата од 16 на 14 екипи за сезона 2026/2027, од лигата испаѓаат последните пет екипи, а екипите пласирани на 11-тото, 10-тото и деветтото место ќе играат бараж за можен опстанок во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет