Прво запрашување против комарци во Виница

Во петок 05.06.2020 во Виница ќе се спроведе првото авионско прскање против комарци за оваа година. Авионското прскање ќе се изврши во раните утрински часови на територијата на општина Виница.  Доколку временските услови не дозволуваат авиотретирање во петок, истото ќе се спроведе следниот ден

За таа цел, се  апелира до пчеларите навреме да ги заштитат своите пчелни семејства.