
Познати се сите екипи кои ќе бидат дел од Првата футсал лига на Македонија за натпреварувачката сезона 2025/2026. И оваа сезона елитата ќе брои десет екипи.
Шампионската титула ја одбрани Форца, која го освои и Купот на Македонија, а во новата сезона ќе играат и Клими, Проект, Осогово, Шкупи, Кеги Моби, Јувентус Серава, како и екипата на Бутел.
На овие осум екипи од сезоната што заврши пред еден месец им се приклучуваат и два нови прволигаши Мал Ајакс од Штип и Балкан.
Со враќањето на Мал Ајакс, Штип повторно ќе има свој претставник во прволигашката футсал мапа.
Како што е познато, од Првата футсал лига испаднаа Железарец и Црна Река, а на нивно место доаѓаат споменатите нови членови на елитата – Мал Ајакс и Балкан.
Сезоната во македонскиот футсал ќе заврши со одигрување на последните две кола од Втората футсал лига.
Александар Ванев, М-Нет