
На 14 јуни во Штип ќе се одржи фестивалот „Од А до Штип“ кој опфаќа повеќе видови на култури, од уметност до „хип хоп“ и „рап“ музика. Голем број познати музички имиња ќе бидат дел од фестивалот кој трета година по ред ќе се одржи под отворено небо. Програмата е целодневна, а се очекува голем број пред сѐ млада пубика и позитивни вибрации.
„Станува збор исклучиво за хип хоп и рап музика и со тоа ја негуваме креативноста, ја будиме . креативноста кај младите. Можам да кажам слободно дека и минатите две изданија, како и ова издание очекуваме публиката да биде млада. Белег на изминатите две изданија беше дека фестивалот го отвори деветгодишно дете.“ – вели Лазарев.
На фестивалот ќе настапат и две групи од Србија, ќе има винил конвенција, цртање графити, а целиот настан ќе биде збогатен со штандови за храна и пијалоци. Овој фестивал е единствен од ваков вид во Источна Македонија.
„Ќе се слушне најдобриот хип хоп звук во моментот, од Македонија, а гости имаме, две хип хоп групи од Србија. Овој настан покрај рап музиката ги обединува и неколку други урбани култури. Ќе има цртање на графити, винил конвенција“ – вели Баџуков.
За првпат оваа година фестивалот „Од А до Штип“ е поддржан од страна на Министерството за култура, а тенденција е истиот да се одржу инаредните години со што ќе биде традиција, белег за Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет