
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар дојде до минимална победа над Пелистер од 1:0 во „вечното дерби“ кое се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во ноќен термин од 20 часот, како што доликува за едно големо дерби на два фудбалски бренда.
Трите бодови за Вардар ги обезбеди ново засилување Џибрил Дианиси, откако Французинот стралеше во вториот дел од мечот.
Со овој меч се комплетираше 2. коло од Првата лига, а претходно од 17 часот како што веќе информираше телевизија М Нет, Тиквеш со 2:1 славеше над Воска Спорт, Струга со 1:0 ја доби Беса, реми во Тетово на Шкендија и Работнички од 1:1, Силекс со убедливи 4:0 ја доби Брера, а пак Гостивар со 2:0 беше подобар од Шкупи во Штип.
Александар Ванев, М-Нет