Православните верници денес го празнува денот посветен на Св. Ана, истата е мајка на Пресвета Богородица

Православната црква денес го чествува денот посветен на светата маченица Ана или во народот позната како мајката на пресвета Богородица. Во чест на денешниот ден се празнува нејзиното успение, пред кое таа доживеала длабока старост. Света Ана била ќерка на свештеникот Метен, а истата е претпознатлива по чествувањето на празникот „Јоаким и Ана“ , со што се укажува дека Јоаким е нејзиниот сопруг. Обајцата родители живееле 50 години без деца, а во подоцните години ја родилe Маријa или така наречена Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што немале рожба, додека приказната вели дека во една прилика отишле во пуистината каде што со денови тагувале и се молеле. По молбите и страданието, им се укажал ангел кој им рекол дека Господ ќе ги благосалови со дете. Кога се родила ќерката Марија, родителите ветиле пред Бога дека детето ќе му го посветат на храмот и затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени. Денес, верниците во таа чест одат во манастирите посветени на истиоимената светија и ги практикуваат обредните лебови наречени “панагии” за здравје и спасение, додека исто така се верува дека оние жени кои неможат да имаа деца, преспиваат во нејзините храмови за да добијат плод.

Лаура Стојанова, М-Нет