Младите, па и децата во виорот на алкохолот секојдневно предизвикуваат нереди

Во Македонија со години е во пораст бројот на млади адолесценти, а се спушта животната возраст кога се посега по првата чашка: се регистрираат случаи дури и деца на 11 – годишна возраст кои пијат алкохол. Во текот на летните периоди по парковите на немал број градови може да се забележат многу млади луѓе, па и деца, собрани во групи, кои имаат покрај себе повеќе шишиња пиво, но и вино и „кока кола“, држејќи в рака и запалени цигари. Штипјани децидни дека младите уште многу рано го започнаа пиењето на аколхол кој штетно влијае по здравјето. Додаваат дека многу често под влијание на алкохолот се предизвикани тепачките, сообраќајните незгоди и сите непријатни ситуации кои се случуваат по конзумирање на големи количини на алкохол.

„Не чине на младите да пијат алкохол. Ние веќе старите не пиеме алкохол, но за младите не е убаво тоа да го пијат. Кога се напијат не знаат што зборат и што глупости прават, тепачки има, се и свашта. По мене не е убаво да се пие алкохол, може да пие едно пиво да се освеже, а не да се опие ептен и да не знае што прави, тоа не.“

„Не е ни за старите ама никако и за младите. Видеме ние овде живееме што се прави ноќно време, катастрофа е, за младите е особено катастрофа, ние кога бевме млади не знаевме што е тоа алкохол, сега е од шеснаесет години почнуваат да пијат.“

Многумина можеби го асоцираат алкохолот со негативно влијание главно врз црниот дроб. Но, редовната консумација на алкохол може да влијае негативно речиси на секој орган и ткиво во телото.

Лаура Стојанова, М-Нет