По 40 години за првпат почнува реконструкција на Дом за култура Штип, Буџетот за трипати поголем

2022 година Дом на Култура Штип ја започнува со одобрен Буџет од 8,660,000 илјади денари, или споредбено со претходната година со зголемување од три пати. На денешната прес конференција Директорот на установата, Горан Трајков истакна дека годината ја започнуваат свежи, со одвоени 40 илајди евра за реконструкција на Дом на култура, реконструкција за прв пат по 40 години.

„За прв пат по 40 години ќе се санираат санитарните чворови, ќе се молерисува фасадата од Центарот за култура, ќе поставуваме ламинати, подови и плочи. Имаме издвоено проектна документација за обновување и набавка на светлосна и тонска опрема. Оваа инвестиција ќе изнесува 40 илјади евра и планот е да биде завршена до почетокот на месец мај“ – кажа Трајков.

Откако сите заостанати долгови кон доверите веќе се исплатени, Трајков истакна дека може да се посветат кон освежување на оваа институција, бидејќи се тоа е најпотребно. Истовремено, додаде дека ако се продолжи со ова темпо на работа во наредниот период Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе го добие вистинскиот сјај кој го заслужува.

Трајкков во оваа прилика ситакна дека за месец два ќе биде презентирана и целокупната програма на Дом за култура од месец март до месец декември 2022година.

Лаура Стојанова М- Нет