
По 35 пат се запали василичарскиот оган во населбата Железничка во Штип и се продолжи традицијата по повод празникот Василиј Велики. На настанот присуствуваа жители на населбата, граѓаните, како и претставници од Владата и локалната самоуправа. Градоначалникот Иван Јорданов од лице место на настанот посака многу здравје, бериќет, мир во секој дом, како и многу благослов на семејството во кое се падна паричката.
,,Еве традицијата продолжува на овој голем христијански празник во нас. Железничка со палење на василичарските огнови во нашиот град. Морам да дадам едно мое огромно задоволство за урбаната заедница железничка за тоа што традиционално го организираат овој настан. Посакувам оваа традиција да продолжи, да донесе здравје, бериќет, развој во нашиот град, мир во секој дом, како и здравје и благослов во семејството во кое што се падна паричката. Посебно ми е драго што вечерва заедно со нас е и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со пратениците Драган Ковачки и Душко Иванов да ја продолжиме оваа традиција и посакувам д година во година да биде побројни и помасовни.“, рече Јорданов
Инаку, на настанот имаше и музика, добра забава, грејано вино и слатки деликатести.
Иван Митев, М-Нет