
Дали навистина се живее во мир по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор? По 24 години од тогаш, кај граѓаните единствено прашањето – дали навистина престана војувањето, или научивме да живееме заедно?
Во Штип тие се со поделени мненија. Едни велат дека мирот е присутен, додека оружјето и стравот исчезнале. Други пак признаваат дека тишината не значи вистински соживот и дека недостасува слога и разбирање.
Најголемиот непријател на човекот е војната, велат граѓаните во разговорите за нашата телевизија. Тие додаваат дека животот на Земјата е привремен, а најважно е да се одржи слогата и мирот помеѓу луѓето. Според нив, никој кој што учествувал во војна не останал да живее во таа територија.
Инаку, Охридскиот рамковен договор е постигнат за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001.
Иван Митев, М-Нет