
Од 2026 година нов начин на финансирање на училиштата , со цел да се подобри квалитот на образовнието. Од 1 јануари следната година, основното и средното образование ќе добијат нов начин на финансирање кој ќе се фокусира на развој и подобрување на наставата, а не само на покривање на тековните трошоци. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави промени во распределбата на средствата, кои досега во 90% од случаите се користеа за плати и режиски трошоци.
,,Финансирање на основното и средното образование, чија примена започнува од први јануари 2026 година. Промената на методологијата за пресметка и распределба на блокдотациите на општините беше неопходна. Во моментот 90 проценти од средствата кои се одвојуваат се користат за исплата на палти и режиски трошоци на училиштата, што е значително над просекот во европската унија, каде што тоа изнесува 70 проценти. Блок дотациите растат, но најчесто само за да се покрие растот на платите, но не и за развој на училиштата и за подобрување на квалитот на наставата. Започнуваме со толку потребна промена, за воведување на ефикасно и одржливо финансирање на образовниот сиситем и искрено очекувам во наредниот период силно влијание врз квалитот на воспитно образовниот процес со воведување на новата формула.“, истакна Јаневска
Со новата формула за финансирањње, министерката Јаневска потенцираше дека поразвиените училишта ќе добиваат помалку средства, а оние помалку развиените ќе имаат поголема поддршка за развој.
,,Новата формула за финансирање на основното образование има две компоненти – основна и варијабилна. Основната ќе го покрива стандардизираниот трошок по ученик кој утврдивме дека изнесува 112 747 денари на годишно ниво. Во оваа компонетнаа влегуваат платите и придонесите на вработените, нивното стручно усовршување, трошоците за струја вода греење, набавкка на материјали. Поразвиените училишта помал, а по неразвиените училишта согласно пропишаниот норматив, за простории и опреми поголем износ за да се забра нивниот развој. Варијаблната компонента е за превоз на учленици, подршка за ученици со посебни образовни потреби, за учениците кои следат настава на турски, босански и српски , и за учениците кои следат настава во подрачни училишта.“, додава Јаневска
Како што дополнително истакна министерката Јаневската финансирањето пак за средното образование ќе биде исто , ќе се покрива основниот трошок по ученик, со сите компоненти. Овој трошок во средноите училишта по ученик изнесува 103 589 денари за цела година.
Иван Митев, М-Нет