
Нова специјалиизрана цистерна за чистење канализации доби штипски Исар. По 20 години значително ќе се подобри работата на ЈП Исар на територија на Штип, исткна во денешната прилика градоначалникот, Иван Јорданов. Вели дека потребата од оваа машина се појавила уште пред една година кога почнале со изготвување на документација за денеска да ја добијат и да може да ја користат.
„Пред една година ја воочивме потребата дека ЈП Исар има потреба од вакво специјализирано возило. Веднаш почнавме со изготвување документација и аплициравме. Денес после една година го добивме ова специјализирано возило кое ќе биде од корист на ЈП Исар за интервенмција на старата и дотраена канализациона мрежа.“ – кажа Јорданов.
Старата машина за чистење на канализации не работи веќе една година, а работата на претпријатието се извршуваше преку позајмување на ваква машина од други претпријатија.

„Возилото е со резервоар од 4000 литри и со пумпа која има притисок од 150 бари. Со оваа јачина на оваа пумпа во консултација со вработените на ЈП Исар може да одговориме на потребите на град Штип, односно големината на градот Штип и големината на фекалните цевки. Старото возило каналџетка не функционираше веќе една година“ – вели директорот Коцев.
По повеќе од десет години инцестија во вакво возило е од огромно значење, а Владата и бирото помагаат во тоа, додава директорот на бирото, Реџепи.
„Како што ме запозна и директорот во последните 10 – 15 години не се инвестирало во обновување на овие возила што ќе биде во интерес на санирање на проблеми кога ќе се појуават истите“ – додава Реџепи.
Возниот парк во ЈП Исар е добар, но станва збор за ситуација која се менува. Дирекрторот Коцев истакна дека во момнетот не работи само еден камион, но се во фаза истиот да се поправи и да се пушти во функција.
Лаура Стојанова М-Нет