
По цена од 220 денари ќе се продава пастрмајлијата за манифестацијата штипска Пастрмалијада, која ќе се одржи овој викенд во Штип. Во петок и сабота на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип ќе бидат поставени десет штандови од каде сите посетители ќе може да си купат од штипскиот специјалитет пастрмајлија. На шеталиштето во петок е предвидена целодневна забава како и сечење на џиновската пастрмајлија.
„Цената на пастрмајлијата ќе биде 220 денари.
Дополнително штандови за појалооци ќе има поставено и на стадионот каде е предвидено да се одржи концертниот дел од манифестацијата.
„Штандови на тревникот на стадионот ќе има 20 штандови, во вип делот ќе има осум угостители, на трибината од страната на интернатот ќе има четири штандови, а на новата трибина ќе има два угостители.
Се очекува голем економски бенифит за градот и угостителите од одржување на овој настан.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет