
Што прават младите по завршувањето на факултетот и каде го продолжуваат својот животен пат? Најголем дел од граѓаните сметаат дека странство е местото каде што младите ја бараат својата иднина. Не затоа што сакаат да заминат, туку затоа што овде нивниот труд не е доволно ценет и платен. А, секако Германijа е најчестата дестинација. Според граѓаните, причината е јасна – по завршувањето на студиите, младите заминуваат затоа што не можат да го ефектуираат својот труд, а странство ги чека со можност за подобра заработка и стандард
Но, заминувањето во странство не значи секогаш и работа во струката. Напротив, граѓаните велат дека младите и таму често работат нешто сосема различно од она за што се образувале, најчесто поради подобрата заработка. Сепак, младите не се откажуваат од надежта дека и овде ќе ја најдат вистинската можност – да работат во својата струка, да го вреднуваат своето знаење и труд и, следејќи ги своите соништа, да ја градат иднината токму тука.
Вториот уписен рок им дава нова можност на младите кои од различни причини не се запишале во првиот рок. Но, откако ќе го завршат факултетот, каде ја гледаат својата иднина?
Инаку, на УГД во Штип, во тек е вториот уписен рок за запишување студенти во прва година, кои денес и утре ќе можат да аплицираат на преостанатите слободни места.
Ева Тушевска, М-Нет