Kоронавирусот го одложи судскиот процес против двајцата штипјани обвинети за насилство врз девојка од Штип. Насилството се случило во јануари годинава, тие самите го снимале делото со телефон, а на социјалните мрежи беше објавено на 2 април.
Адвокатот на обвинетите, Валентин Зафиров од Велес изјави дека очекува фер судење и покрај големиот притисок на јавноста за овој настан.