
Од денеска почна првиот уписен рок во УГД во Штип кој ќе трае од 19-21 август. Кандидатите ќе можат да аплицираат на една од 47 акридитирани студиски програми и 3 академии. На денешната прес конференција проректорот Сашо Коцевски изјави дека оваа година според конкурсот има 3341 слободно место. Процесот на аплицирање е во две фази, првата е поднесување електронска апликација преку систем на електронски уписи, додека втората фаза е доставување на документите од страна на кандидатите на едно од уписните места во Правниот факултет во Штип. од страна на кандидатите
,,Почнувајќи од денес 19-21 август во УГД Штип ќе се спроведува првиот уписен рок. Во рамките на овој уписен рок, кандидатите, нашите идни студенти ќе можат да аплицираат на една од 47 акридитирани студиски програми на нашите 12 факултети и 3 академии. Согласно конкурсот за 2026/27 имаме вкупно 3341 слободно место, од кои 1629 припаѓаат на квотата природни студенти, а останатите се резервирани за студентите кои ќе студираат вонредно и за оние со кофинансирање. Самиот процес на аплицирање се одвива во две фази. Имено прво, тие поднесуваат електронска апликација преку нашиот систем за електронски уписи, а потоа во вториот чекор ги носат своите документи во физичка форма и ги доставуваат на едно од уписните места во уписниот центар коишто се локацирани во Штип, на Правниот факултет”, изјави проректорот Коцевски
Проректорот Коцевски изјави дека по доставување на документите, комсијата ќе направи проверка, на 26 август се прелиминарните резултати, а незадоволните кандидати можат да поднесат приговори ден подоцна, конечните ранг листи ќе бидат објавени на 31 август. Сите кандидати кои нема да аплицираат во првиот рок, ќе можат тоа да го направат во вториот уписен рок на 3 и 4 септември или во третиот на 16 и 17 септември.
,,Сите оние кандидати коишто нема да стигнат да аплицираат од било какви причини во првиот уписен рок, УГД во Штип организира и втор и трет уписен рок. Вториот уписен рок ќе биде на 3 и 4 септември, а третиот уписен рок ќе се спроведе на 16 и 17 септември. По овој прв уписен рок, откако кандидатите ќе го достават во физичка форма своите документи, а тоа треба да го направат до петок, 21 август, комисијата ќе направи нивна проверка и прегледување. На 26 август ќе ги истакнеме преелиминарните резултати. Оние кандидати коишто сметаат дека треба да поднесат приговори тоа може да го направат на 27 август, а на 31 Универзитетот ќе ги објави конечните ранг листи за прием. Самиот упис на кандидатите ќе се врши од 1-3 септември оваа година“, подлече проректорот Коцевски
Проректорот Коцевски соопшти дека за странските студенти и студенти со македонско државјанство коишто своете образование го стекнале надвор од земјата, важат истите уписни рокови, но при упис треба своите документи и диплома да нострифицираат во МОН.
Ева Тушевска, М-Нет