Почна Богородичниот пост, две седмици прочистување, младите доследни на верата

Почна Богородичниот пост – две седмици на тишина, смирение и внатрешно прочистување. Во светот кој неуморно учи на конкуренција и надминување, постот учи на љубов и смирение. Во времето на бучавата, тој е избор на тишина. Во време на изобилство од храна, постот е внатрешната жед за духовност. Овој пост не е обична диета – тој е лек за душата, срцето и мислите.

Постот не е само воздржување од храна, туку и од илјадниците помалку видливи нешта што го одземаат душевниот простор. И оваа година граѓаните подготвени, некој со помалку, некој со повеќе пост, ама и едните и другите со молитви кон мајката Божја Богородица

Иако се живее во време на технологии, брза храна и брзи животи – постот не губи сила. Напротив, според анкетираните граѓани, се повеќе млади луѓе одлучуваат да постат – свесно и со цел

Богородичниот пост ќе трае до 28 август, кога православните верници го прославуваат големиот празник – Успение на Пресвета Богородица. Од храмовите низ целата земја, свештениците и архиереите упатија благослов и порака: постот да поминеме благоугодно, со смирение, покајание и љубов.

Иван Митев, М-Нет