
Фудбалскиот талент Адмир Љатифи кариерата ќе ја продолжи во хрватскиот шампионат, откако стави потпис на тригодишен договор со прволигашот Осијек.
Младинскиот репрезентативец на Македонија по распаѓањето на Беса веднаш најде клуб, а со кој клуб ја започнува својата интернационална кариера. Младиот фудбалер зад себе веќе има 41 настап во ПМФЛ, а настапуваше за екипите на Беса и Македонија ЃП, а кариерата ја започна во Њу Старс.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одново би можел да го носи дресот на Наполи, јавуваат италијанските медиуми. Минатата сезона Елмас настапуваше во Торино, откако во германски Лајпциг немаше голема минутажа.
Според италијанските медиуми Наполи е подготвен да испрати официјална понуда до бундеслигашот за македонскиот репрезентативец, па останува прашањето дали Лајпциг би го пуштил.
Елмас претходно има настапувано и за Работнички и Фенербахче, покрај за Наполи, Торино и Лајпциг.
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов се сели во бугарскиот шампионат откако се договори со прволигашот Левски.
Серафимов во Левски доаѓа од редовите на Фехервар, но клубот од Унгарија испадна во понизок ранг, а Серафимов си замина.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да замина од Валенсија бидејќи нема многу минутажа, а како опција според тамошните медиуми се спомнува негово заминува во турскиот шампионат.
Имено, Жозе Мурињо гледа замена за Доминик Ливаковиќ во Димитриевски, а покрај турскиот гигант за Димитриевски интерес има од францускиот прволигаш Лил како и од италијанска Џенова.
Инаку, Столе Димитриевски во Валенсија пристигна од Рајо Ваљекано, а сега останува прашање дали Димитириевски ќе си замина од Валенсија и доколку да, каде би продолжи со својата кариера.
Александар Ванев, М-Нет