
Почна асфалтирањето на улицата Иво Лола Рибар во Штип. На површина од 400 метри квадратни, улицата добива нов асфалт, кој ќе овозможи полесно и побезбедно движење.Инвестицијата вредна 240.000 денари е значаен чекор кон подобрување на локалната инфраструктура, со што се подобрува квалитетот на животот на сите жители. Според општинските власти, ова е само еден од повеќето проекти кои ќе се реализираат во рамки на обновата на патната мрежа во Штип. Работите се во полн ек и се очекува да бидат завршени многу брзо, што значи дека граѓаните на улицата „Иво Лола Робар“ ќе уживаат во новата инфраструктура уште пред да го почувствуваат летото! Штип станува поубав и побезбеден!
https://www.youtube.com/watch?v=J5ZgD9l2-Ls
Иван Митев, М-Нет