Благодарност до полицијата за акцијата во Штип, упати директорот на БЈБ Александар Јанев

Голема благодарност до полициските службеници за вчерашната акција во Штип, денес упати директорот на бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. Тој истакна дека акцијата е практичен пример на крајно професионално, координарно и ефикасно заедничко постапување на полициските служби. Јанев беше инфомиран за сите делати околу вчерашните активности на овие единици, при бриото за јавна безбедност околу расчистувањето на кривично правниот настан што се случи вчера во Штип, во кој то беше убиено едно лице, а сторителот на кривичното дело како и останатите инволвирани во настанот набргу беа лоцирани и приведени од страна на полициските службеници од Единицата за Итервентна Полиција, СВР Штип и СВР Скопје.

Инаку дешната средба Јанев ја оддржа со раководството на Единицата за интервентна полиција, Специјалната антитерористичка единица Тигар, единица за брзо распоредување , како и со претставници од СВР Штип и СВР Скопје.

Иван Митев, М-Нет