
Почнаа градежните активности за уредување на паркинг простор и изградба на парк на ул. Мирче Ацев во Штип. Места што со години беа преполни со отпад и заборавени од сите, деновиве добиваат сосема нов лик. Посебен акцент се става на потребата за паркинг, која е резултат на бројни пријави и барања од граѓаните во овој дел од градот. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека новиот паркинг простор на улицата ќе овозможи повеќе од 30 сетина паркинг места.
,,Овде се работи на две позиции. Уредување на паркинг веднаш до спортскиот терен во близина на СОУ Јане Сандански, како и она што веќе неколку денови се работи е нов парк, нова зелена површина со нови садници, урбана опрема, целосно осветлен дел, кој што верувам дека ќе биде прекрасно катче, место и зона за релаксација на овдешните жители. Активностит кои шт се превземаат се на позиции на места кои што претходно во минатот и денс се биле запоставени, не уредени. Места локации полни со ѓубре и смет, кои што ќе се трансформираат во локации кои што ке бидат урбан. Потребата за нов паркинг простор е констатирана од честите пријави на жителите.“, рече Јорданов
Она што е исто така видливо е изградбата на зелениот парк, кој се гради со средства преку граничната соработка, која што е воспоставена со Р. Бугарија. Како што рече градоначалникот Јорданов, овој пеарк е еден од предвидените три во градот.
Инаку со ваквата инвестиција, не само што граѓаните ќе добијат подобри услови за паркирање на своите автомобили од една страна, од друга страна ќе имаат можност да уживаат во новиот парк во кој се предвидени модерни услови.
Иван Митев, М-Нет