
Утринава во 06.50 часот, во СВР-Штип е пријавено дека на патот Берово-Виница, кај с.Будинарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко и товарно возило. Две лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип. Извршен е увид, а во 09.40 часот сообраќајот е пуштен во двата правца (двете насоки).