
Пријатно изненадени штипјани, после најавите за новите музички фестивали во Штип. По трагичните случувања, многуте разочарувања и нервози, ова за нив сега ќе биде најдобриот мелем за душата. Турските серии одамна стануваат здодевни, па како што велат со нетрпение очекуваат овие настани да се случат. Иако делумно повозрасни, но сепак и тие децидни дека ќе излезат за да уживаат. Некој за да вкусат добра храна, други добар пијалок, а трети добра и квалитетна музика.
Граѓаните велат дека ваквите настани треба да бидат речиси секој месец. Како што велат само музиката е најдобриот лек за душата.
Инаку во Штип најпрво започнува фестивалот Штип стреет фуд фестивал, од 16 до 18 мај, на штипската едносмерна. На овој настан се очекува да има различна и вкусна храна, пијалок, добра и квалитетна музика. Следниот фестивал е Д- фестивал во јули, а во меѓувреме во градот под исарот има многубројни концерти, изложби и претстави.
Иван Митев, М-Нет