Починал осуденик во КПУ Затвор Штип

Починало осудено лице во КПУ Затвор – Штип. Информацијата ја потврди и директорот, Мики Тодоров, кој посочи дека станува збор за возрасно лице. Истото вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено од Болницата. Затвореникот починал само што бил вратен во КПУ и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт. За настанот е известен и СВР Штип, вели Тодоров, а од нивна страна и ОЈО, од каде по сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не дале наредба да се изврши обдукција.

Според информации на М-Нет Телевизија, станува збор за лице од општина Чешиново – Облешево, родено 1955 година.

Ребека Спасова М-Нет