Починала 80-годишна жена, а пожарникар е повреден при пожар на куќа во кочанско Оризари

Едно лице починало, а пожарникар е повреден во пожар на куќа во кочанско Оризари. Дојавата до Територијалната противпожарна единица – Кочани пристигнала утринава во 09.52 часот, по што тие интервенирале на гаснење пожар на семејна куќа, на улицата „Љупчо Сантов“ бб. Интервенирано било со три возила и пет пожарникари, а при гаснењето помогнале и четворица мештани. За жал, екипите не можеле да спасат 80-годишна жена, која била во куќата и починала при пожарот, а при интервенцијата бил повреден и еден пожарникат. По гаснењето увид на местото на настанот вршеле полициски екипи од Полициската станица – Кочани.