Пелистер во карантин пред утрешната дерби-пресметка со Гостивар

Фудбалерите на Пелистер утре ги очекува големото дерби во Втората македонска фудбалска лига против Гостивар, во рамки на вонредното 19. коло.

Гостивар беше лидер на табелата во Втората лига, но откако на оваа екипа ѝ беа одземени три бодови, гостиварци се израмнија бодовно со Воска Спорт и Вардар, а Пелистер сега има само четири бода негатива.

Пелистерци по зимската реконструкција, забележаа позитивни резултати на стартот од пролетниот дел и влегуваат во сериозна трка за местата кои директно водат во Прва лига, со што Пелистер предводен од Бобан Бабунски би направил експресен кам-бек во фудбалската елита на Македонија.

Пелистер од денес е во карантин за утрешното големо соочување кое е од огромна важност и за двете екипи.

Пресметката е закажана за во 14:00 часот, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.