Потребата од Дом за стари лица во Општина Штип огромна и за граѓаните и за надлежните

Повозрасното население во Општина Штип ќе почека за изградба на дом за стари лица иако има потреба од истиот. И покрај многуте заложби и Штип да располага со ваков дом до денеска се регистрирани само иницијативи. Има започнато и градба прекината на пола и толку. За сега најавите се дека дом за стари лица мора да има без разлика дали ќе е на старата локација или не.

Повозрасните граѓани кои ги анкетиравме велат дека неопходно е да се изгради страечки дом, по примерот од општините во регионот, бидејќи младите денеска се помалку имаат време да се грижат за повозрасните.

Според надлежните за изградба на старечкиот дом во Штип постои административна пречка поради која е изградбата е до пола. Како што истакна Јорданов ова е основна потреба и мора да ја има и Штип.

„Знаете дека таму има административна пречка и затоа е прекината изградбата на овој дом за стари лица на штета на повозрасните лица во нашата општина морам да истакнам затоа што станува збор за една основна потреба кои ја имаат помали општини во државата од круцијално значење за нас како општина е да се доврши изградбата на овој дом за стари лица. Се надевам дека со одредена законска измена која е во постапка на Собранието ќе може да се отстрани оваа административна пречка и да се продолжи со градбата на овој дом за стари лица“ – кажа Јорданов.

Домот за стари лица во Штип кај касарната започна да се гради во 2014 година, но потоа наиде на потешкотии со одобренија кои се уште не се добиени, а изградбата е стигната само до карабината. Дом за стари лица во Истокот треба да се гради во Кочани и Пробиштип, а единствено има функционален во Берово.

Лаура Стојанова М-Нет