Постојано се оштетуваат чешмите во Штип, ЈП Исар апелира граѓаните совесно да се однесуваат

И покрај високите температури, несовесни граѓани ги уништуваат чешмите поставени во градот. Овој период водата е една од најпотребните за пиење и разладување, а чешмите се поставени со цел граѓаните да можат да ги користат. Искршени чешми и целосно оштетени е сликата со која се соочуваат граѓаните.

ЈП Исар преку писмено соопштение апелира до граѓаните да се однесуваат одговорно и да не ги оштетуваат чешмите на територија на Општина Штип. Несовесни граѓани се кријат зад сите хулигански дејствија кои го уништуваат изгледот на градот.

„Апелираме до граганите да не ги оштетуваат јавните чешми на територија на Општина Штип секојдневно екипите на JП Исар ги санираат и поправаат јавните чешми, кои се оштетуваат од страна на несовесни грагани.

Постојаното поправање на јавните чешми освен што одзема време за поправка, исто така се трошат и ресурси и парични средства, кои може да се искористат за други работи во полза на граганите.“ – додаваат од ЈП Исар

Од ЈП Исар истакнаа дека екипите постојано работат на терен за санирање на секоја оштетена чешма. Поправањето на чешмите одзема време, а воедно и парите кои што можат да се искористат во полза на граѓаните се преименувани за санација и поправка за оштетените чешми во градот.

Лаура Стојанова, М-Нет