Поставени нови шатори за лицата кој чекаат да бидат тестирани од Ковид – 19, пред КБ Штип.

Ковид пандемијата  држи статус – кво и понатаму. Секојдневно на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, се оттпуштааат но и се примаат нови позитивни пациенти со корона вирусот. Со приклучувањето на нови 10 кревети од Кожното одделение, на достапност на болните лица им се 65 кревети, а бројката на слободни постојано се менува. Зголемувањето бројот на позитивни лица од Ковид 19 во есенскиот бран, за разлика од пролетниот донесе потреба за воспоставување на шатори пред Клиничката болница, во кои ќе бидат згрижени лицата кои чекаат да бидат тестирани од корона вирусот. Шаторите ќе бидат затоплени и во кои ќе бидат почитувани сите мерки и портоколи за заштита од невидливиот непријател.

Шаторите ќе бидат без подлога, но со единствена цел да се затоплат лицата кои сеуште не се тестирани.

На Инфективното одделение во Штип, моментално има 57 пациенти позитивни на корона вирусот. Бројката е различна секојдневно. Во текот на денешниот ден има отпуштено 9 пациенти, но и примано нови 10. Битката ја загубило едно лице, т.е. жена од Штип на 61 годишна возраст.