
Полни тезги производи, продавачи со раце во џеб, нема кој да купи, ваквата е ситуацијата на пазарот и во Виница. И оние кои излеггле на пазар се речиси пензионери, а млади нема ни за лек како што велат продавачите. Истакнуваат дека цените се речиси складни, но празнувањата и ниските примања си го направија своето.
Купувачите децидни дека не е скапо, цените согласно макотрпната работа се речиси евтини. Велат дека не жалат и купуваат се што си сакаат.
Инаку, оваа среда најмногу виничани купуваа овошје и тоа мандарини, јаболка и киви, а од зелечук зелка, компир и по неколку страга праз.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет