Последни пазарења и подготовки за утрешниот празник 8 Март, се стеснува кругот на пријатели

Утре е 8 март, граѓаните со последни пазарења и подгтовки за празникот на жената. Со рози, облека, чанти и скромни подароци, достојно и годинава ќе се одбележи денот. Анкетираните велат не е толку важно што ќе се подари, туку да се даде внимание и почит. Едногласно тврдат, не само денеска, секој ден треба да поминува со љубов и разбирање исто како да е 8 март.

Анкетираните едногласни дека кругот на роднини и пријатели е потесен и дека подароци се даваат само на најблиските како сопругата, сестрата и некој многу блиски роднини и пријатели. Не е исто времето како некогаш, па како што велат може би и подобро, бидејќи сега барем се со вистинските пријатели, кои не им мислат зло и кој се сведуваат најмногу на двајца.

Инаку 8 март оваа година се паѓа утре нед недела, а голем број граѓаните денот ќе го поминат во домашни услови, а помал дел во ресторан со жива музика и забава.

Иван Митев, М-Нет