Шест кози и две јариња се спасени од пожар кој избувна утринава недалеку од нивното импровизирано трло во Штип

Шест кози и две јариња утринава беа спасени од пожарот кој утринава се случи недалеку од нивното трло во Штип. Случајни минуавчи од местото, се впуштија низ оганот со цел да ги спасат животните. Трлото според видеото на М-Нет телевизија изгледа како да е депонија и дека е изградено од отпаднед и леснозапалив материјал. Причината за пожарот е непозната, но за среќа противпожарните единици брзо интервенирале и истиот е изгаснат. Повеќе информации околу пожарот ќе се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден. Инаку во последните неколку денови ова е веќе втор пожар во Штип, едниот се случи во угостителски објект, кој двапати беше изгасен од екипите на ТППЕ-Штип.

Иван Митев, М-Нет