
Зелка, марула, спанаќ денеска на пазарот во Штип се произвиоди кои најмногу се бараа ама и најмногу се трошеа. Избор имаше и на сезонско овошје и зеленчук, но сепак зелените производи беа со главен акцент. Цените според продавачите идентични како лани овој период, а раздвиженоста различно ја толкуваат. Според едни пазарот е добар, според други и не толку многу. Производи нудеа само оние кои произведуваат зимска роба, па ова беше причината поради која поливина од тезгите денеска останаа празни.
„Пазарот кај мене нешто слабо, нема народ, а марулата е 20 денари, зелката 20 ама не купуват скапо им било. Јас со вакви цени не можам да бидам задоволен, ама треба да бидат поголеми и платите и пензиите“
За купувачите пазарот е место каде навистина може да се најде и да се купи сѐ. Велат дека цените се пристапни за нивните џебови, па марула, зелка и по некое јаболко можеше да купи секој.

„Мислам дека цените ќе останат вака стандардни како што се сега, пристапностата зависи за кој како. За некои не за некои да, ама сепак сметам дека пазарот е место каде што можат луѓето да пазаруваат“
И на ваквата пазарна слика прозивдеувачите на овошје и зеленчук стравуваат дека нема кој да ги наследи, земјоделието не е исплатливо да се работи па производството на храна за неколку години ќе биде луксуз.
Лаура Стојанова М-Нет