Пораст на бројот на позитивни и хоспитализирани со Ковид – 19, активни случаи над 13.000

Повторно пораст на бројот на хоспитализирани во штипската болница. Според последната статистика на Клиничка болница Штип, хоспитализирани се 36 пациенти. Од нив 24 се на кислородна поддршка, четворица се вакцинирани. Во последните 24 часа испишани и оздравени се тројца, а новопримени се исто така тројца. Извршени се 67 амбулантски прегледи. На Инфективното одделение има 32 слободни места, а во дневната болница – четири, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница сѐ уште нема хоспитализирани пациенти и Интерното одделение кое работеше како ковид – оддел е затворено и нема потреба да се отвори.

Според информациите од Министерството за здравство, во последните 24 часа има 1.822 нови Ковид-19 случаи, а направени се 7.123 тестови. Позитивни се 26% од направените тестирања. Во Штип има 42 нови случаи, во Кочани 18, во Берово и Делчево по 10, а во Пробиштип 9. Во Македонска Каменица – 7, Виница – 4, а во Пехчево – 3.

Од вкупниот број позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции, односно 9% од инфицираните се инфицирале по вторпат. Оздравени, пак, се 688 пациенти, од кои од Источниот регион најмногу се во Штип, но само седум.

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478

Ребека Спасова М-Нет