Поранешни претседатели и вработени во Здружение на инвалиди на трудот Штип злоупотребиле финансиски средства

Инспектори од Отсекот за Економски криминал од СВР Штип во изминатиот период го ,,чешлаше” штипското Зрдужение на инвалиди на трудот и од нивна страна е одземена обемна документација од каде се утврдило дека тројца претходни претседатели на здружението од 2021 година до 2024 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на секретарката што била во тој период паричните средства што ги заработувала не ги уплаќале на нејзината сметка туку ги уплаќале на сметката на нејзината мајка за да не откријат од Министерството за социјална политика дека секретарката има примања за да не и го укинат детскиот и образовниот додаток којшто редовно го примала и вака сите заедно мамејќи го министерството секретарката незаконски примила од министерството околу 90.000 денари.
Исто така тројцата претходни претседатели во периодот од 2021 до 2024 година ја злоупотребиле службената положба и овластување и од здружението на своите лични сметки си префрлиле околу 270.000 денари без никаков основ.
За ова од страна на Отсекот за економски криминал при СВР Штип до Основното Јавно обвинителство Штип против тројцата претседатели и секретарката е поднесена кривична пријава за продолжени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „ Измама при добивање кредит или друга погодност,, со кое дело го измамиле Министерството за труд и социјална политика.