Поразот од Данска боли, но поддршката инспирира: ФФМ со благодарност до навивачите

Македонската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз од Данска (4:0) во баражот за пласман на Светското првенство, но и покрај разочарувањето од резултатот, поддршката од трибините и од јавноста не изостанаа. По натпреварот, од Фудбалската федерација на Македонија упатија јавна благодарност до сите навивачи кои стоеја зад националниот тим, потенцирајќи дека токму таа поддршка е клучен мотив за идните предизвици.
„Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, порачаа од ФФМ преку официјалните канали.
Иако сонот за Светско не се исполни, во таборот на репрезентацијата останува јасна определбата за напредок и враќање посилни во следните квалификациски циклуси. Поддршката од навивачите, која не стивнува ни во порази, уште еднаш се потврди како еден од најсилните адути на македонскиот фудбал.
Следува период на анализа и консолидација, со надеж дека ова искуство ќе биде поука за подобри изданија во иднина.