Поради бесправно изградени објекти и диви приклучоци вода тече по улицата Косовска во Штип

Поради бесправно изградени објекти и диви приклучоци на улицата „Косовска“ во Штип веќе подолго време вода тече по улицата. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот регираат дека водата создава проблеми кај нив, а стравуваат за нивната безбедност во периодот кога дневните тепмератури ќе се намалат. Свесни се дека за вака настаната ситуација треба време за да се реши проблемот. Додаваат дека надлежните неколкупати до сега излегувале на терен и реагирале, но како што велат жителите дефектот е настанат на цевка која се наоѓа под весправно изградена цевка.

„Дефектот не е тука, горе е некаде кај Ромските куќи, дефекто бил под куќите. Мош два месеци и повеќе од два месеци тече водата е проблем за нас.“ – велат граѓаните.

За настанатиот проблем реагираат и од ЈП Исар. Велат се даваат максимални напори за проблемот да се реши и водата да не тече по улиците, оти загубите ги трпи и самото претпријатие. Децидни се дека вака настаната ситуација стои од бесправно изградените објекти на улицата и дивите приклучоци. Од таму апелираат до граѓаните за трпеливост, но и заеднички да се стави крај на ваквиот проблем. Децидни се дека надлежни инспектори од општината ќе излезат на терен со што ќе следат и санкции за лицата кои граделе бесправно и поставување диви приклуцочи за сега водата да тече по улицата.

Лаура Стојанова М-Нет