Дозволата стои – САНС АГ успешно избегнува правни лавиринти, Инцијатитва 02 со реакција до О. Штип

Инцијативата за одземање на Б интегрираната дозвола на штипската фирма САНС АГ повторно на тапет. Еколошката иницијатива 02 побара Општина Штип да и ја одземе дозволата за работа, оти фирмата произведувала и продавала опасно течно масло со горење на гуми.

Од Општина Штип потенцираат дека три години инсталацијата на фирмата не работела, ама и дека сопственикот на компанијата ги користи сите сите правни лавиринти за да ја одолговлече постапката. Додаваат дека од 2019 година па до денеска редовно се прават контроли за работата на инсталацијата која не работи од 2020 година.

„Во 2020 година инсталацијата престанува да работи по доставените записници и од државниот и од општинскиот инспектор. Во 2023 година повторно е направен заеднички увид во инсталацијата и е утврдено дека инсталацијата не работела овие три години.“ – вели Горгиевски.

Согласно сегашните законски регулативи и записници дозвола се издава на секои седум години, а последната година треба да се поднесе постапка за продолжување на дозволата. САНС АГ има дозвола до ноември наредната година.

Лаура Стојанова М-Нет