,,Помалку трошоци, повеќе за тебе“, според анкетираните не се практикува на дело

Мерката ,, Помалку трошоци, повеќе за тебе“ според анкетираните граѓани на терен не фукционира на дело. Велат високите цени и понатаму остануваат непроменети, па наместо да се намалуваат, граѓаните забележале дека остануваат исти, како порано. Децидни се тие дека трговците повторно играат игри со луѓето.

За да има навистина повеќе за граѓаните, анкетираните велат дека е потребно да се објави најпрво старата цена, а под неа да се назначи намалувањето, со што тие ќе имаат предвид за колку е самото намалување.

Во согласност со ситуацијата во период од 17.02.2025 до 23.02.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 371 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 82 прекршочни платни налози. Дополнително, покрај редовните надзори, тие постапуваат и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со вините надлежности и делокруг на работа. Апелираат и понатаму до граѓаните да ги пријават сите неправилности на бројот 191 или на винвата веб страница.

Иван Митев, М-Нет