Со четири проекти Општина Карбинци аплицира на вториот повик од страна на владата за доделување на средства од унгарскиот кредит

Со четири проекти, Општина Карбинци денес аплицираше на вториот повик, објавен од страна на владата за доделување на средства од унгарскиот кредит. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека, проектите се одбрани како приоритет од страна на граѓаните, а истите се со вкупна вреднос од 460 000 евра. Првиот проект е за уредување на одводниот канал Герен село Долни Балван, другиот за изградба на тротоарски површини во село Карбинци, третиот е осветлување на кејот на козјачка река и четвртиот е станбена улица во село Таринци.

“Денес Општина Карбинци аплицира за проекти во врска со проекти кои што беа и ќе бидт доставени до владата во делот на средства од Унгарскиот кредит, ова се работи за вториот повик, кои што го објави владата. Општина Карбинци овдека ќе учествува со четири проекти, проекти кои што ги одбравме како приоритетни од страна на граѓаните со консултации и со советниците и со целни групи од страна на општината. Она што сакам да ја информирам јавноста е дека овие четири проекти се со вкупна вредност од 460 000 евра, пари од унгарскиот кредит, кои што општината Карбинци во лседниот период ќе може да ги искористи, токму кон овие проекти. Првиот проект е изградба на уредување на одводниот канал Герн во село Долни Балван, проект кои што го највавиме и претходно, вториот е изградба на партерни површини, однсно тротоарски површини во село Карбинци од општината со влезот на селото, третиот е осветлување на кејот на козјачка река и четвртиот е станбена улица три во село Таринци“, рече Паунов

Општина Карбинци ,претходно аплицираше и во останатите повици кои што се случуваат, додава Паунов, како во бирото за развој и министерство за локална самоуправа, така и со проект во министерството за животна срединa.

Она што дополнително го истакна градоначалникот Паунов е тоа дека во следниот период Општина Карбинци ја очекува градежна офанзива, a сите проекти се со вредност од над еден милион евра. Тоа значи дека општината покрај проектит кои што сама ке ги гради од сопствениот буџет, ќе има можност со над милион евра пари од државата да инвестира во текот на оваа календарска година.

Иван Митев, М-Нет