Полни тезги, сончево време и добра побарувачка е дефиницијата за задоволителен пазар во Штип

Полни тезги овошје и зеленчук, сончево време и голем број купувачи е вистинската дефиниција за задоволителен пазарен ден. Продавачите на градскиот пазар во Штип задоволни од денешниот ден. Велат за разлика од претходните петоци има доволно поривзодство, а добра е и побарувачката од страна на купувачите. Кога се во прашање цените на производите, реални се и тие, согласни се продавачите. Падна цената и на доматот и на пиперот, па достапни се за сечии џеб.

„Има побарувачка, добар е пазарот има сѐ. Претежно овој петок сѐ има. И мислам дека цените се реални. Компирот е три килограми за 100 денари. Ама ризик е да се занимаваш со земјоделие. Ризик е за тој што произведува.

Поголем дел од купувачите велат дека пазарот е солиден за џебот на граѓаните, па си дозволија по некој килограм плус пипер, домати, краставици и слично. За мал ден од анкетираните и денеска беше скапо. Едни купуваа неделно, други се уште подготвуваат зимница, но избоор имаше за сите.

„Не е скапо, сѐ си купивме, пипер, патлиџани, калинки.“ – додаваат купувачите.

Денеска на пазарот во Штип најмногу се бараше и трошеше сезонското овошје, пипер, домати, ајварски пипер, како и производи за туршија.

Лаура Стојанова М-Нет