
Две нови автобуски стојалишта ќе има во населбата Баби во Штип, по барање на учениците и студентите. Во правец на излезот на градот овие стојалишта ќе им помогнат на граѓаните побрзо и поефикасно да ги завршуваат своите обврски со помош на градскиот линиски превоз.
„Дополнување на автобуски стојалишта, на улица Лески и тоа од десната страна и од левата страна. Тоа е гледано во правец кон излезот на градот. Овие две постојки се предвидуваат на барање на урбаната заедница и на студентскиот дом во населба Баби.“ – вели Блажева.
Дополнителни измени има и во неколку линии, согласно новото работно време, однонсо воведената едносменска настава во штипската гимназија. Линиите од градскиот превоз освен учениците можат да го користат и сите останати граѓани.
„Линијата Л3, Трговски центар – Три Чешми – Чардаклија, Л4, Трговски центар – Дузлак и Л9, Трговски центар – Долни Балван – Радање. Овие дополнувања и измени се однесуваат на новото работно време на гимназијата. Знаете дека веќе работат во една смена од 8:15 часот.“ – додава Блажева.
Цените за учениците ги плаќаат училиштата. Од Нов Караорман цената на градскиот превоз е 90 денари, од Долни Балван 160 денари.
Лаура Стојанова М-Нет