Полицијата затекнала гости во угостителски објект во с. Грдовци што не ги почитувал мерките

На 24.12.2020 во 22.15 часот  во СВР Штип било пријавено дека, во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку  гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на Ковид 19, односно не го почитувал работното време. По насоки од Јавен обвинител Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.