
Од овој викенд започнуваат натпреварите од третиот натпреварувачки круг во Првата македонска фудбалска лига.
Во рамки на 23. коло кое ќе се игра овој викенд Гостивар дома ќе игра против Брера, интересно е тоа што токму овие две екипи играа вчера во рамки на вонредното 22. коло каде Гостивар со гол во 89. минута ги освои трите бодови.
На почетокот на третиот круг ќе се игра и дерби во Кратово меѓу Силекс и Вардар, Работнички дома ќе го пречека Тиквеш, езерско дерби на шампионот Струга Трим Лум и охридска Воска Спорт.
Шкупи на домашен терен ќе игра со последнопласираната Беса, Шкендија во Тетово против Пелистер од Битола.
За титулата може да се решава и во Тетово или пак за место во Европа, бидејќи во последното 33. коло ќе се соочат Шкендија со Силекс.
Во трката за титулата се Шкендија, Силекс, Гостивар и Работнички, шампионот Струга кој има 11 бода негатива од лидерот Шкендија ќе се обидат да се наметне сериозно за титулата и да обезбеди место во Европа, со оглед на тоа што стружани ќе играат и полуфинале од Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет