Се изврши асфалтирање на ул. Коле Неделковски во нас. Леваци во Штип, претходно се работеше и подземно

Денес се изврши асфалтирање на ул. Коле Неделковски, која е спој со ул Христијан Карпош во нас. Леваци во Штип. Проектот е реализација на општината, со инвестиција од околу 1.500.000 денари на површина од 2.320 метри квадратни. Улицата е дел од програма за уредување на градежно земјиште, на која што претходно се работеше и подземно со промена на водовдната и канализациона мрежа. Ваквите активности ќе продолжат и понатму на сите останати улици, првенствено каде што дозволува терентот, затоа што се внимава претходно да има замена на подземната инфраструктура. Инаку, покрај промената на водовод и канализацијата, како и асфалтирањето, овде ќе се работи и на уредување на тротоарските површини со цел пешаците и возачите бидат повеќе безбедни.

Она што се очекува понатаму е тоа 2025 да биде многу плодна за рехабилитации и реконструкции на улиците во градот со што Штип пополека, но сигурно ќе ја обнови патната инфраструктура, која што е застарена повеќе од 40 години.

Иван Митев, М-Нет