Осмоноемвриските признанија – мотив плус за успешност на добитниците.

По повод празникот на градот Штип, 8ми Ноември, доделени се осмоноемврсиските награди, на четворица добитници, кои допринеле со својата работа во успешноста на градот под Исарот.  Класична цремонија немаше заради пандемијата со корона вирусот, па наградите беа доделени онлајн, а учесниците своите признанија ги подигнаа од кабинетот на в.д градоначаникот на Општина Штип, Јане Миланов. Не изостана во ниту еден случај, преголемата благодарност која ја изразија добитниците на осмоноемвриските признанија, и задоволството кое им причинува огромна чест. Да се добие вакво признание, значи да се даде поголем мотив и стимул, за во иднина да се продолжи да се работи со иста, а можби и поголема брзина. Во наградените беа Инфективното Одделение – Штип, Територијалната Противпожарна Единица – Штип, Елена Голомеова – оперска певица и проф. д-р. Трајче Стојанов – професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Работата и трудот кои се покажани, годинава беа и наградени. Ова не значи само признание со кое би требало да се кренат скала погоре наградените, туку и мотив за понатамошна поголема ангажираност и посветеност во нивната област.

Лаура Стојанова М-Нет