
Со почетокот на жетвените активности започна сезоната на палење стрништа, а со тоа и сезоната на летни пожари.
Најновиот во штипско се случи вчера попладне кај с.Крупиште во непосредна близина на мотелот и бензиската станица „Ваго“.
Присутните велат, тоа што ветерот дуваше во спротивен правец беше голема среќа, бидејќи имаше опасност од експлозија од бензиската станица.
Веднаш било пријавено во Територијалната противпожарна единица во Штип, од каде пристигнале само тројца пожарникари со едно возил. Пожарот траел неколку часа, во текот на кои, сопствениците на „Ваго“ претрпеле голем страв дека ќе има големи штети.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ