
Викендов изби пожар во место викано „Горна Осојница“, во близина регионалниот пат Виница – Берово, при што било опожарено необработено земјиште. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Виница и екипа од ЈП „Национални шуми“. Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициска станица Виница.
Во саботата во Полициско одделение Македонска Каменица пријавено е дека во село Цера настанал пожар при што била опожарена борова шума. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Македонска Каменица.