
На подрачјето на СВР Штип за време на мерката полициски час во периодот од 10.04.2020 до 13.04.2020 на 16 лица им се издадени Решенија за изолација, a 104 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 344 контроли над лица во изолација и 399 над лица во самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале 46 лица, 40 се приведени од нив 2 се малолетни и 3 над 67 години, на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се 17 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 421 објекти. Во државен карантин спроведено е 1 лице.