Пожари беснеат, канадерите чекаат сервисирање, а хеликоптерот нема гориво

Пожарите кои во моментот зафатија поголем дел од територијата на државата, огромните штети, но и гасењето на истите го отворија прашањето колку општините и државата е подготвена да се справи со истите. Канадерите не се сервисирани и затоа не учествуваат во гасењето на пожарите, дел од противпожарните возила се стари, па солидарност и помош се бара и од останатите држави од соседството. Во ситуација на два огромни пожари како што беше случај вчера хеликоптерите на Армијата може да дејствуваат само на едно место. Конкретно, хеликоптерот кој интервенирал во Старо Нагоричане, не можел да дејствува и во Кочани бидејќи немал гориво.

„Рано утрово армискиот хеликоптер беше упатен во Старо Нагоричане каде што имавме страшен пожар. Хеликоптерот леташе некаде до пладневните часови, кога температурата на воздухот се качи некаде околу 40 степни тој мораше да биде приземен бидејќи техничките карактеристики не дозволуват над 40 степени тој да лета. Во попладневните часови во првиот момент кога температурата на воздухот се спушти под 40 степени хеликоптерот се упати кон Старо Нагоричане и немаше време од таму да дојде во Кочани бидејќи немаше доволно гориво.“ – истакна Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.

Заев додаде дека канадерите ќе се сервисираат во најбрз можен рок, но и дополнително ќе се работи на подобрување на условите на пожарникарите и возилата за гаснење на пожари. Бидејќи општините немаат средства за нови противпожарни возила, тоа треба да го стори државата.

За сега на пожарите ќе се интервенира со она што е достапно, а тоа се противпожарните возила кои моментално им се достапни на општините и државата и секако солидарност и помош од соседните држави додаде Заев.

Лаура Стојанова М-Нет